Поврзете се со нас

Свет

Олимпија Милано ја сподели спектакуларната тројка на Димитријевиќ на дебито против Фенербахче (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/OlimpiaMI1936

Ненад Димитријевиќ пред неколку дена беше официјално презентиран во Олимпија Милано заедно со сите други летни засилувања, а Македонецот покажал дека ќе биде огромен плус за тимот уште на првиот тест.

Италијанскиот тим ја темпира формата за новата сезона и влегува во последната фаза од подготовките, па така денеска имаше сериозен пријателски тест против Фенербахче.

Турскиот тим извојувал победа со 81:76 во натпревар кој е добро загревање за новата кампањата во Евролигата, а најдобар стрелец во поразениот тим бил нашиот Нено.

Димитријевиќ постигнал 14 поени и зад своето име додал и 5 скока и 3 асистенции, што го направило најдобар поединец во италијанскиот табор, но и воопшто а паркетот.

Покрај Нено, 14 поени постигнал и Болдвин во противничкиот тим, додека 13 запишал неговиот соиграч Болмаро.

Во резимето од оваа пријателска средба, Олимпија Милано не пропушти да го издвои и најдобриот потег на Македонецот на мечот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни