Поврзете се со нас

Англија

Оле верува дека постот по заминувањето на Сер Алекс наскоро ќе заврши: Има напредок, блиску сме до трофеј

Објавено

на

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер верува дека клубот наскоро ќе го заврши постот кој владее во клубот по заминувањето на Сер Алекс Фергусон.

Манчестер Јунајтед веќе осум години е во постојаи турбулентни периоди и по заминувањето на Фергусон не се имаат ниту доближано до титулата во Премиер лигата, а освоија само неколку трофеи кои не ги задоволуваат апетитите на клубот од „Олд Трафорд“.

Сегашниот стратег верува дека наскоро ќе дојде крајот на ваквиот пост посочувајќи дека клубот бележи значителен напредок во однос на минатите сезони.

– Не сме во ерата на Сер Алекс и имавме период на трансформација откако тој си замина. Тоа мораше да се случи затоа што нема никој подобар од него, нема ни да има. Тој беше шефот, тој е некој кој тешко се заменува.

– Но сега имаме напредок, чекор по чекор, а за да се види напредокот мора да освојуваме титули и трофеи, и тоа секако е нашата амбиција.  Лани бевме трети, оваа година сме втори и сме блиску до трофеј, тоа е напредок. Не е крајот на работата, ќе ја завршиме работата кога ќе ја освоиме лигата, -изјави Оле Гунар Солскјер.

Инаку, интересно е тоа што Јунајтед оваа сезона победи три од четирите екипи кои се во полуфиналето од Лигата на шампионите. „Ѓаволите“ славеа против Манчестер Сити, Челси и ПСЖ што му дава на Солскјер дополнително охрабрување дека е на вистинскиот пат.

– Реалноста е дека ние сме во Лига Европа, а тие се во Лигата на шампионите. Но, кога ќе седнете и ќе ги изгледате натпреварите и ќе видите колку добро сте одиграле против овие тимови, знаете дека не сме оддалечени многу од нив, -заврши Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни