Поврзете се со нас

Англија

Оле со рано предупредување за Кавани: Не се живее од сеќавањата, тој се уште нема…

Објавено

на

blank

Манчестер Јунајтед вечерва ќе ја отвори авантурата во Лигата на шампионите со тешко гостување на „Паркот на принцовите“кај ПСЖ.

Многумина очекуваа на овој натпревар да го видат Единсон Кавани кој може да дебитира во Манчестер Јунајтед, но тренерот на „ѓаволите“, Оле Гунар Солскјер се реши да го остави Уругваецот на Островот со цел што подобро да се подготви за следните предизвици.

Солскјер изјави дека Кавани не може да живее на основа на сеќавањата на неговите одлични партии во минатото и треба да се избори за место во првиот тим на Манчестер Јунајтед.

– Тој е доволно фит за да може да игра, но треба да игра фудбал со овие играчи за да биде подготвен за вакви ситуации. Јасно е, не може да живеете од сеќавањата на добрите партии, затоа што тоа било некогаш. Тој е голем професионалец и знае што треба да направи. Се уште не ги „штиклирал сите полиња“ пред да има можност да игра, -изјави Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни