Поврзете се со нас

Англија

Оле му се налути на Фердинанд: Коментира работи кои не ги знае

Објавено

на

Рио Фердинанд не беше воодушевен од тренерската проба која ја имаа Кристијано Роналдо и Бруно Фернандеш во завршницата од мечот со Јанг Бојс, кога двајцата Португалци во една ситуација се најдоа рамо до рамо со Оле Гунар Солскјер во улога на негови помошници.

Кристијано и Бруно силно протестираа кај главниот арбитар и сцените станаа вирални на социјалните мрежи, но целокупната слика не му се допадна на легендарниот Фердинанд кој од студиото на „Би-Ти Спорт“ порача дека тој ќе ги врател двајцата на клупата ако бил на местото на Солскјер.

Оле доби прашање на оваа тема во увертирата за денешниот меч со Вест Хем, при што менаџерот на Јунајтед му се налути на својот поранешен колега од првиот тим, порачувајќи дека коментира работи за кои не е добро упатен.

– Повторно Рио, тој коментира ситуации кои не ги познава точно како што треба. Ја сфаќам нивната работа во студијата, но во дадената ситуација, ние протестиравме за жолт картон кој требаше да го добие играч на Јанг Бојс.

– Бруно и Кристијано се компетитивни и изреагираа импулсивно и во еден момент се најдоа рамо до рамо со мене. Беа до мене накратко и само викаа по судијата. Тоа беше реакција на неколку лоши одлуки против нас. Веднаш после тоа, Кристијано и Бруно седнаа на клупата. Сите знаеме дека само еден човек може да биде во техничкиот простор. Ако не сум јас, тоа се Карик, Филан или МекКена, – објасни Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни