Поврзете се со нас

Англија

Оле ја реши судбината на двајца стопери по ангажманот на Варан: Еден си оди, другиот останува

Објавено

на

Манчестер Јунајтед го осигура Рафаел Варан и се доведе во ситуција да стане прекуброен на стоперските позиции, места кои во повеќе наврати беа најкритични за менаџерот Оле Гунар Солскјер.

Пристигнувањето на францускиот репрезентативец е најголемо засилување на Јунајтед во одбраната во последните неколку години, но сепак тоа автоматски ни носи и едно извесно заминување на млад фудбалер кој ќе си бара минутажа на друго место.

Менаџерот на Јунајтед потврди дека Аксел Туанзебе ќе мора да замине на позајмица, а во овој момент, како најсериозен кандидат за негов ангажман се издвојува Њукасл.

– Со пристигнувањето на Рафаел, морам да видам како Аксел си заминува на позајмица. Реалноста е таа, во овој момент ги имам Варан, Мегваер, Линделоф, Баји и Фил Џоунс кој се враќа од долга повреда, – изјави Солскјер кој вели дека ќе смета на овој последниот.

– Џоунс е враќа и веќе е во процес на тренинзи. Тој е огромен професионалец и подготвен е да се бори за тимот. Се надеваме дека ќе можеме да сметаме на него во новата сезона, – изјави Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни