Поврзете се со нас

Лига Европа

Оле го навлече гневот на навивачите на Рома, па се правдаше: Не ми беше планот да ги омаловажам

Објавено

на

Менаџерот на Манчестер Јунајтед пред околу една недела со својата изјава поврзана со Рома го навлече гневот на навивачите на клубот од Рим.

Солскјер само што ја поминаа Гранада истакна дека не знае каков протвиник е Рома затоа што тоа е клуб кој го нема гледано.

Ваквата изјава на Норвежанецот, фановите на Рома ја протолкуваа како провокација, па затоа го облепија цел Рим со плакати од Солскјер под кои имаше порака до играчите на Рома: -Направете тој да не запомни, -стоеше на постерите.

По ваквите плакати, денеска Солскјер даде коментар за неговата изјава која предизвика реакција во јавноста.

– Тој коментар беше веднаш по натпреварот со Гранада. Сум ја гледал Рома, но не сум ја анализирал толку детално за да зборувам во јавност. Тие се фантастичен клуб, кај мене имам дрес од Тоти и Де Роси кои ги разменив додека игравме. По таа изјава ги анализиравме, подготвени сме за нив, а мојот претходен коментар не беше злонамерен и не сакав никого да навредам, -изјави Солскјер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни