Поврзете се со нас

Англија

Оле ги израдува фановите на Манчестер Јунајтед: Се надевам дека до крајот на преодниот рок..

Објавено

на

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер пред натпреварот кој клубот го игра со Брентфорд, прв подготвителен кој ќе се одигра на „Олд Трафорд“ говореше и за трансфер активностите на клубот.

Јунајтед досега ангажираше три засилувања во имињата на Том Хитон, Џејдон Санчо и Рафаел Варан, а фановите очекуваат барем уште едно засилување во средината на теренот и по можност ангажман на Кејран Трипие кој според некои медиуми е многу блиску до трансфер на „Олд Трафорд“.

– Се надевам дека до крајот на преодниот рок ќе сработиме уште некој трансфер, а во исто време имам на ум дека доста од играчите кои беа на позајмица доста напредуваа и може да се приклучат на првиот тим, -изјави Солскјер.

Медиумите веднаш пренесоа дека ваквата изјава можеби се однесува на Диого Дало кој одигра солидна сезона во Милан и би можел да остане во Манчестер Јунајтед ова лето доколку клубот не успее да го ангажира Трипие како конкуренција за Арон Ван Бисака.

Од Манчестер Јунајтед се очекуваат и заминувања, па засега извесно е дека Пол Погба веројатно ќе си оди, а се уште е отворено прашањето за заминувањето на Џеси Лингард за кого клубот ќе бара 30 милиони фунти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни