Англија
Оле даде коментар за актуелната ситуација со голманите во Манчестер Јунајтед и призна дека Де Хеа…

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер пред натпреварот со Гранада беше запрашан за актуелната ситуација со голманската позиција во клубот. Во моментов Манчестер Јунајтед има два врвни голмани во Давид Де Хеа и Дин Хендерсон, а последниот потег на Оле со кој се реши да му даде повеќе шанса на Хендерсон негативно влијаел на Де Хеа.
Норвежанецот призна дека Де Хеа не е најсреќен што на последните натпревари седи на клупата за резервни фудбалери, но посочи дека тој е подготвен да му помогне на тимот кога и да затреба.
– Кога ме прашувате за Дин или Давид, ќе ви кажам дека сум во комотна ситуација и сум многу среќен кога некој од нив не е среќен штом не игра. Давид е топ, топ голман и се уште има голем квалитет. Тој работи напорно за да биде подготвен кога ќе игра.
– Давид помина десет фантастични години во Манчестер Јунајтед и секогаш имал некој кој му бил конкуренција. Серхио Ромеро можеби играше помалку од заслуженото, но кога дојде Дин го даде максимумот затоа што сакаше да му го земе местото во тимот, -изјави Солскјер.

- Англијапред 21 час
Оле верува дека постот по заминувањето на Сер Алекс наскоро ќе заврши: Има напредок, блиску сме до трофеј
- Италијапред 24 часа
Милан му понудил двегодишен договор на фудбалер на Интер
- Италијапред 18 часа
Убав гест на Манџукиќ: Не играше за Милан, па ја одби платата и од клубот побара едно нешто
- Англијапред 23 часа
Екс ѕвезда на Манчестер Сити се уште е во лоши односи со Гвардиола: Му пишав порака, но не ми врати
- Шпанијапред 23 часа
Клајверт заминува од Барселона
- Англијапред 23 часа
Тухел со ветувачки најави за следната сезона: В година ќе е „друга песна“, дефинитивно ќе ги гониме
- Формула 1пред 19 часа
Фетел објасни зошто одбил да се вакцинира во Бахреин
- Англијапред 19 часа
Солскјер одговори на коментарите на Погба за Мурињо