Поврзете се со нас

Лига Европа

„Олд Трафорд“ слави: Бразилците донесоа пресврт, Барселона е елиминирана од ЛЕ (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/premierleague

Манчестер Јунајтед излезе како победник од дерби дуелот со Барселона во 1/16 финалето во Лига Европа.

Премиерлигашот победи со 2-1 во реваншот во Манчестер и со вкупни 4-3 се пласираше во осминафиналето на ова натпреварување. Лидерот во Ла Лига успеа во 18 минута да го отвори резултатот преку Левандовски од пенал, а во финишот на првиот дел пропушти голема шанса да го зголеми водството.

На самиот старт на вториот дел „црвените ѓаволи“ се вратија во игра преку Фред кој стрелаше на асистенција на Фернандеш. Овој резултат беше активен до 72 минута кога нововлезениот Антони донесе комплетен пресврт и ерупција на „Олд Трафорд“.

До крајот Барса се обидуваше нешто да направи, имаше полуприлики, ама не дојде до гол што во случајот значеше нивна елиминација од ЛЕ.

Пласман понатаму обезбеди Рома која беше подобра од Салцбург, Унион Берлин кој го надигра Ајакс со 3-1, додека Рен и Шахтјор играат продолженија во Франција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни