Поврзете се со нас

НБА

Олајџувон: Леброн не може да се споредува со Џордан, Мајкл е…

Објавено

на

Еден од најквалитетните центри во историјата на НБА лигата, Хаким Олајџувон се вклучи во дебатата за тоа кој е најдобриот кошаркар на сите времиња.

Откако Леброн Џејмс ја освои својата четврта титула одново медиумите, луѓето почнаа да го споредуваат „кралот“ со легендарниот Мајкл Џордан, играч кој за многумина е недопирлив на врвот. Според Хаким, ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс не може да се споредува со Џордан кој според него е далику подобар играч кој успеал во многу потешки времиња.

-Кога луѓето ќе почнат да го споредуваат него со Џордан, тоа не е фер споредба. Џордан беше далеку посупериорен играч во многу тешка лига и беше многу креативен. Тоа ништо не му зема на Леброн кој е одличен играч, ама споредбата не е фер затоа што Џордан беше супериорен играч, -истакна Хаким.

Олајџувон низ кариерата имаше многу битки со Ем-Џеј со кого беа заедно избрани на драфтот во 1984 година, центарот како прв пик од Хјустон Рокетс, додека Џордан како трет од страна на Чикаго Булс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни