Поврзете се со нас

Франција

Ола постави краен рок до кога ѕвездите на Лион можат да си заминат

Објавено

на

Првиот човек на францускиот прволигаш Лион, Жан Мишел Ола постави краен рок до кога дел од играчите ќе можат да го напуштат клубот.

Оваа сезона Лион нема да игра во Европа, па неколку важи фудбалери можат да си заминат со оглед на тоа што се интересни за големи екипи. Во прв план се Усем Aуар и Мемфис Депај, асови за кои најзагреани се Арсенал и Барселона, но ако овие клубови сакаат да ги добијат нивните потписи ќе мора до петок да се договорат со Лион.

-Ние ќе им кажеме на играчите дека се што нема да биде решено до петок, потоа нема да има заминувања. Значи, за нас датумот на [затворање] на преодниот рок ќе биде петок. Мислам дека тоа ќе го предложам утре (вторник) на Руди Гарсија и Жунињо, затоа што е разбирливо.

-И сите луѓе со добра волја можат да видат дека нешто не е во ред [со резултатите на тимот]. Може да биде поради тоа, но може да се и други работи. Во секој случај до петок играчите кои нема да заминат, потоа нема да можат тоа да го направат, -порача јасно и гласно Ола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни