Ол-стар Топ 10: Страшниот цепелин на Вестбрук и Леброн или перфектната одбрана за победа (Видео)

lebron

Долго најавуваниот спектакл, Ол-стар во Лос Анџелес заврши рано утрово со мечот меѓу тимот на Леброн Џејмс и тимот на Стеф Кари во кој поуспешни беа избраниците на „кралот“ кои славеа тесно со 148-145 иако во најголемиот дел од средбата беа во резултатска негатива.

Од средбата во „Стејплс Центарот“ беа издвоени најдобрите и најатрактивните потези, а во центарот на вниманието е Леброн кој воедно беше прогласен за најкорисен играч. Прашањето и дилемата е дали неговиот цепелин во соработка со Расел Вестбрук е подобар од перфектната одбрана во последната акција за победа. Вие самите одлучите и уживајте во овие потези.

Facebook Коментари