,,Ол Стар” натпреварот успеа да го собере целиот холивудски шмек на едно место (Фото)

Fergi Himna

Оваа година НБА ,,Ол Стар” натпреварот, кој по шести пат се одигра во ,,Стејплс Центар” во Лос Анѓелес, понуди многу интересни моменти, но и интересна завршница од финалниот натпревар на најдобрите, во кој се сретнаа тимот предводен од Леброн Џејмс и тимот предводен од Стеф Кари.

Сепак, најдобар тим излезе тимот на Џејмс, кој победи во последниот напад и натпреварот заврши со резултат од 148:145.

Од ѕвездите кои го проследија овој натпревар, дефинитивно може да се потврди дека ова беше настанот на месец февруари во САД, зошто е реткост да се видат толку познати фаци на едно место.

Од фотографиите се гледа дека холидвудските ѕвезди од типот на Бијонсе, Снуп Дог, Паф Деди, Ферги која ја пееше химната, Шварценегер, Џек Николсон и други актери и пејачи, кои се забавуваа и беа пресреќни што се дел од овој спортско-планетарен настан.

Bijonce

Snoop Dogg

Swarceneger Nikolson

 

Facebook Коментари