Поврзете се со нас

Формула 1

Окон оствари сензационална победа во Унгарија, Хамилтон е нов лидер во генералниот пласман

Објавено

на

Лудата трка во Унгарија ни донесе и сензационален победник на Хунгароринг, бидејќи прв целта ја мина човек кој досега никогаш нема триумфирано во „најбрзиот циркус“.

Естебен Окон од Алпин тимот успеа да профитира од хаосот на стартот и триумфираше на трката за Големата награда на Унгарија, што за него претставува прва и историска победа во Формула 1.

Валтери Ботас предизвика голема мешаница и верижен судир на самиот старт, по што оваа трка доби друг тек со покажаното црвено знаме и откажувањето на неколку возачи, меѓу кои и главниот причинител од Мерцедес.

Од оваа почетна драма, доста дебел крај извлече и Макс Ферстапен кој беше удрен и истуркан од патеката, па иако не се откажа, имаше големо оштетување на болидот и како 13-ти се врати на рестартот. Поради големиот пропуст со промената на гумите, Хамилтон се најде на 14-то место при рестартот, но сепак Британецот успеа да направи голем пресврт, нешто што не му успеа на Ферстапен.

Макс имаше проблеми и заврши само како десетти, додека Хамилтон од 14-то напредуваше до третото место и се избори за подиум и водство во генералниот пласман каде сега е првопласиран. Втор денеска заврши Себастијан Фетел, додека бодови освоија и Карлос Сајнц, Алонсо, Гасли, Цунода, Латифи и Расел.

Французинот Окон дебитираше во Формула 1 во 2016-та година, па откако лани за првпат се најде на подиумот во Бахреин, сега за првпат стигна и до толку посакуваната победа во конкуренција на најдобрите возачи во светот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни