Поврзете се со нас

Формула 1

Окон и Алпин најавија крај на петгодишната соработка (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/F1

Естебан Окони и Алпин ова попладне соопштија дека ставаат крај на петгодишната соработка, откако двете страни одлучиле дека е време за следен чекор во двата правци.

Окон беше дел од тимот од Енстоун од 2020-та година и периодот во Алпин ќе го памети по навистина убави нешта, бидејќи Естебан ја оствари и првата победа во Формула 1 во 2021-ва година.

Французинот триумфираше на трката за Големата награда на Унгарија и тоа е негово најголемо достигнување во Алпин, тим за кој запиша уште два подиуми во изминатите пет сезони (на трката во Сакир и Монте Карло).

Севкупно гледано, најдобрите перформанси како возач ги имаше во 2022-ра година, кога Окон во генералниот поредок заврши како осмопласиран.

– Времето минато во Алпин е навистина значаен дел од мојот живот. Мојата кариера како тинејџер ја започнав во Енстоун и затоа ова место секогаш ќе има специјално место во мојот живот, – изјави Окон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни