Поврзете се со нас

НБА

Оклахома со победа од 49. разлика го потврди првото место на Западот, Лејкерс ќе има две шанси да дојде до плејофот (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/okcthunder

Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер со убедлива победа над Далас Меверикс од 49 разлика (135-86) го потврдија првото место во западната конференција во НБА лигата.

Тандер го разбија клубот од Тексас кој на овој дуел настапи без главните ѕвезди Дончиќ и Ирвинг како и без уште неколку играчи, но тоа не ја намалува катастрофата на гостите кои мораа да одиграа на далеку повисоко ниво.

Популарните ОКЦ го завршија регуларниот дел со учинок 57-25 и сега ќе ја почекаат плејин фазата за да го дознаат ривалот за плејофот исто како и Денвер Нагетс кој заврши како втор во оваа конкуренција.

За седмата и осмата позиција ќе се бора четири екипи, победникот од Њу Орлеанс-Лејкерс ќе биде седми и оди на Денвер во разигувањето за пехарот, додека поразениот ќе има уште една шанса да се пласира понатаму, односно ќе ги одмери силите со подобриот од Сакраменто-Вориорс.

РЕЗУЛТАТИ:

Голден Стејт Вориорс – Јута Џез 123:116
Лос Анџелес Клиперс – Хјустон Рокетс 105:116
Мемфис Гризлис – Денвер Нагетс 111:126
Минесота Тимбервулвс – Феникс Санс 106:125
Њу Орлеанс Пеликанс – Лос Анџелес Лејкерс – во тек
Оклахома Сити Тандер – Далас Маверикс 135:86
Сакраменто Кингс – Портланд Трејл Блејзерс 121:82
Сан Антонио Спарс – Детроит Пистонс 123:95

Никс со 50. победа до второто место, ова се сите плејоф парови на Истокот

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни