НБА
Оклахома го неутрализираше Дончиќ и елиминираше Далас од НБА Купот, Милвоки втора година по ред ќе игра во Лас Вегас (ВИДЕО)
Екипите на Оклахома Сити Тандер и Милвоки Бакс се првите патници во полуфиналето на НБА Купот или поточно на завршниот турнир во Лас Вегас.
Тандер го суреди Далас Маверикс со 118:104 и сега мирно ќе го чека ривалот за наредната фаза, а тоа е подобриот од пресметката меѓу Голден Стејт Вориорс и Хјустон Рокетс. ОКЦ постигна над 30 поени во првата и третата четвртина, периоди во кои ја направи клучната предност во соочувањето со Маверикс.
Најдобриот домашен играч Гилџес-Александер блесна со 39 поени, 8 скока, 5 асистенции и 3 украдени топка, Вилијамс пак додде 18 поени со 7 скока и 4 асистенции. Оклахома одигра одлична одбрана врз Дончиќ кој дојде до дабл-дабл, но со скромни за него 16 поени (11 скока).
Милвоки Бакс го доби ослабениот Орландо Меџик со 114:109 и втора година обезбеди билет за Лас Вегас. Орландо не можеше да смета на доста важни играчи Банкеро, Вагнер, Ајзак и Херис, ама во ниту еден момент не се предаде, беше конкурентен, борбен до самиот крај.
Адетокумбо беше во прв план со 37 кошеви и 7 скока, Лилард и Портис беа дополнителна поддршка со искомбинирани 50 поени.Петмина кај Меџик беше двоцифрени, се истакна Сагс со 32 поени, 9 скока и 4 украдени топки.
-
Светски првенства16 часа
Пешевски ветува: Ова е само почеток, ќе гледате уште поборбена Македонија!
-
Шпанија22 часа
Анчелоти го крена гласот: Сигурно не сум најглупавиот во светот…..
-
Шпанија16 часа
Јамал правеше чуда, Барселона испука „петарда“ и во мрежата на Бетис (Видео)
-
Светски првенства17 часа
Лазаров: Неискуството не остави без победа, но јас сум горд на играчите!
-
Шпанија21 час
Ракитиќ со искрена желба и совет до Реал Мадрид: Се надевам дека оваа порака ќе ја слушне Перез!
-
Германија21 час
„Отпишаниот“ Кариус ќе ја спасува кариерата во престижен германски клуб (Фото)
-
Англија21 час
Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)
-
Свет22 часа
Барди доби специјална плакета од Трабзонспор, два шпански прволигаши веќе го контактирале Македонецот