Поврзете се со нас

Лига Европа

Окампос во самиот финиш ја одведе Севилја во полуфиналето, Шахтјор го декласираше Базел (Видео)

Објавено

на

По вчерашните први два четвртфинални дуели во Лига Европа, вечерва ги дознавме дуелите кои ќе ги гледаме во полуфиналето на второто по ранг натпреварување на стариот континент, откако Севилја и Шахтјор ја завршија својата работа во регуларниот дел.

Шпанскиот тим имаше далеку потешка задача, бидејќи наиде на исклучително силен отпор од страна на составот кој го предводи Нуно Еспирито Санто, кој искрено има и за што да жали оваа вечер.

„Волците“ од Премиер лигата пропуштија да дојдат до почетно водство во 13-та минута, кога Хименез го упропасти неверојатниот спринт на Адама Траоре и не го реализираше пеналот кој го избори неговиот соиграч. По овој момент, Севилја беше далеку подобар противник во секој поглед, а завршната иницијатива пред истекот на 90-те минути вроди со плод.

По еден прекин, Окампос беше највисок и го испрати центаршутот на Евер Банега, па со погодокот во 87-та минута ги фрли во очај упорните играчи на Вулверхемптон кои на крајот мораа да се помират со поразот и елиминацијата во четвртфиналето.

На вториот меч беше далеку поедносмерно, бидејќи Шахтјор му одржа фудбалска лекција на Базел, славејќи со уверливи 4:1. Мораеш, Алан, Патрик и Додо беа стрелци на четирите гола, додека почесниот гол за Швајцарците го постигна Волфсвинкел во 92-та минута.

Шахтјор во полуфиналето на Лига Европа ќе ги одмери силите со Интер, додека Севилја за проитивник ќе го има Манчестер Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни