Поврзете се со нас

Европски купови

Ојлески: Не е лесно да се игра против Левен, ама нема што да загубиме

Објавено

на

Составот на Еурофарм Пелистер го продолжува настапот во Лигата на Европа, а новиот предизвик е германскиот бундеслигаш Рајн Некар Левен.

Клубот од Манхајм е во одлична форма, во домашниот шампионат има седум победи на осум натпревари, додека пак во ЛЕ славеше над ГОГ со 37-32 во единствениот меч кој го одигра во ова натпреварување. Поради ова „лавовите“ се апсолутни фаворити на хартија, меѓутоа нашиот претставник не планира лесно да се предаде и ќе проба да направи големо изненадување во Манхајм.

-Секако дека коронавирусот остави трага. Не е лесно да си надвор од тренажен процес десетина дена. Видовме како тоа се одрази на натпреварот против Кадетен Шафхаузен. Атмосферата не се наруши, продолживме да тренираме, да ја вратиме снагата и да се подготвиме за натпреварот во вторник.

Рајн Некар Левен е фаворит во групата. Не е лесно да се игра против нив, посебно на гостински терен. Нема што да загубиме, одиме да играме европски ракомет и можеме само да добиеме и да се воиграме за следните натпревари кои ни следуваат, -истакна крилото Гоце Ојлески.

Дуелот Рајн-Некар Левен-Еурофарм Пелистер се игра утре со почеток од 20:45 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни