Ојлески: Добро сме подготвени и можеме да го изненадиме Спортинг

ojleski

Составот на Еурофарм Работник го очекува дебитанскиот настап во Лигата на шампионите, а првиот меч ќе го има пред своите гледачи во Битола против Спортинг.

Тоа е средба која е на програмата в недела од 17 часот, а во таборот на „фармацевтите“ владеаа оптимизан дека на крилјата на публиката може да се дојде до позитивен резултат против големиот фаворит. Тоа го посочи тренерот Стевче Алушовски, а таков е и ставот на играчите кој го пренесе капитенот Гоце Ојлески.

-Голема чест е што сме дел од ЛШ и што ќе се натпреваруваме со најдобрите тимови во Европа. Спортинг е фаворит на оваа средба, но и во нашата група. Меѓутоа кај нас владее позитивна енергија, добро сме подготвени и можеме да го изненадиме противникот, -порача Ојлески.

Facebook Коментари