Поврзете се со нас

Свет

Ојарзабал постигна хет-трик за Шпанија, Мбапе со гол и две асистенции во победата на Франција (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/SEFutbol

Килијан Мбапе вечерва го одигра првиот натпревар откако го потврди трансферот во Реал Мадрид, а големата фудбалска ѕвезда беше доволно инспирирана за да постигне еден гол и да испрати две асистенции на дуелот меѓу Франција и Луксембург (3:0).

Светскиот вицешампион рутински го доби натпреварот, на кој резултатот го отвори Коло Муани во првиот дел, втората асистенција на Мбапе заврши со атрактивен гол на Клос, а новиот играч на Реал ги постави конечните 3:0 во завршницата од мечот.

Шпанија исто така оствари рутинска победа над Андора (5:0), а средбата беше одбележена со хет-трикот на Микел Ојарзабал.

Перез го отвори резултатот во 25. минута, а резервистот Ојарзабал влезе во игра на стартот на вториот дел, за во продолжение да постигне три гола во периодот меѓу 53 и 73. минута.

Петтиот гол за Шпанците го постигна Торес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни