Поврзете се со нас

НБА

Охриѓанецот Осман го намести нишанот и имаше тројкашка вечер која нема да ја заборави (Видео)

Објавено

на

Охриѓанецот Џеди Осман неколку сезони игра во НБА лигата и е дел од тимот на Кливленд, па иако има статус на резерва, тој редовно добива шанса за докажување во најсилната кошаркарска лига во светот.

Иако игра за Турција, Осман во повеќе наврати ја има искажано својата љубов кон Македонија и родниот град Охрид, па поради тоа, ѕвездата на Кливленд дефинитивно го заслужува вниманието кое го добива од нашата земја.

Кавалирси рано утрово остварија победа над Лос Анџелес Клиоперс на домашен терен со резултат 122:99, а играч на мечот беше токму Осман.

Џеди влезе од клупата и режираше неверојатна партија за само 21 минута на паркетот, период во кој успеа да запише 29 поени и да погоди дури седум тројки.

Осман имаше „седум од седум“ за три поени и беше непогрешлив од дистанца, а улогата на „снајперист“ му донесе и посебен успех, бидејќи стана шестиот најдобар „тројкаш“ во историјата на Кливленд (вкупно 579).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни