Поврзете се со нас

Балкан

Охриѓанецот Маркоски пред реализација на супер трансфер во Динамо Загреб

Објавено

на

Репрезентативецот на Македонија до 19 години и член на ГФК Охрид, Славе Маркоски се наоѓа пред реализација на супер трансфер во Динамо Загреб.

Фудбалерот на охриѓани веќе десетина дена e во тернинг кампот на вториот тим на Динамо Загреб во Пореч каде се наоѓа на пробен период.

Маркоски беше дел од меѓусебните натпревари на Динамо Загреб 2 кои  беа одиграни во Пореч и остави одличен впечаток одигрувајќи две средби од по 25 минути без грешка.

Според информациите кои доаѓаат од Хрватска, стручниот штаб на Динамо Загреб 2 на чело со Иван Прелец биле задоволни од тоа што го виделе од Маркоски, па нема да чуди доколку во следниот период му биде понуден и договор.

Инаку, Славе Маркоски е редовен репрезентативец на Македонија до 19 години, а во првата полусезона беше избран и во најдобриот тим во вторите лиги во Македонија.

Во моментов од македонските прволигаши за него се интересираат Работнички, Ренова и Струга Трим и Лум кои го исчекуваат исходот од неговиот пробен период во хрватскиот и балкански гигант, Динамо Загреб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни