Поврзете се со нас

Македонија

Охрид сериозно ги испоти битолчани, но Еурофарм Пелистер не дозволи сензација

Објавено

на

Foto:facebook.com/hceurofarmpelister

Вардар вчера загуби од Тиквеш на гостувањето во Кавадарци и направи голем чекор назад во битката за титулата, а нова суперлигашка сензација денеска спречи актуелниот шампион.

Еурофарм Пелистер се изнамачи против Охрид и на крајот го скрши отпорот во еден неизвесен и возбудлив натпревар, кој буквално беше решен во завршните седум минути.

Охрид имаше три гола предност во првото полувреме и имаше 25:25 во 53-та минута, но во самиот финиш потклекна под притисокот кој го создадоа поискусните и поквалитетни ракометари.

Пелистер постигна два гола во низа и за првпат отиде на плус два на семафорот, а со тоа добија на самодоверба и во последните минути стигнаа до победа од 31:27.

Зимското засилување Филип Кузмановски дефинитивно прави разлика за „зелено-белите“ на домашна сцена, па денеска со девет гола беше убедливо најдобар поединец на паркетот. Кај гостинскиот тим, Гоце Ојлески постигна седум гола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни