Поврзете се со нас

Македонија

Охрид се засили со уште еден Црногорец, Струга го потврди Бугариновиќ

Објавено

на

Foto:facebook.com/hcohrid

Ракометниот клуб Охрид продолжи да го гради својот ростер за новата сезона и купува интернационационалци од Црна Гора, втор во период помал од 24 часа.

По вчерашната аквицизиција на Бачша Цејовиќ, денеска пристигна потврда и за ангажман на Владан Кастратовиќ, играч кој игра на позицијата среден бек.

– Црногорскиот ракометар на позиција среден бек потпиша со нашиот тим на 2 години. Кастратовиќ доаѓа по одличната сезона во РК Струга, а пред тоа беше дел и од тимот на Комови од Црнс Гора со кој тим го има најголемиот успех освојувајќи го националниот куп во 2019та година.

Речиси истовремено, и РК Струга излезе со објава за првото засилување за новата натпреварувачка сезона, а тоа Петар Бугариновиќ кој доаѓа како директна замена за Кастратовиќ.

– Екипата на РК Струга потпиша со одличниот среден бек Петар Бугариновиќ. Дваесетишестгодишниот српски среден бек (190 cm, 92 kg) во екипата на Струга доаѓа од тимот на Леотар Требиње. Претходно во кариерата има настапувано за Црвена Звезда, Морава и Смедерево.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни