Македонија
Охрид се засили со талентиран голман од БиХ
Македонскиот прволигаш ГРК Охрид активно го гради тимот за натпреварувачката 2023/2024, а дел од истиот ќе биде талентираниот голман Берин Бркиќ.
Се работи за голман кој во нашата земја доаѓа од Борац Бања Лука, а со Охрид потпиша договор до 2026. година. Бркиќ има 19 години, дел е од сите младински репрезентативни категории за БиХ, но и е на поширокиот список за сениорската репрезентација.
-Се радувам што доаѓам во ваков амбициозен клуб како што е Охрид! Доаѓам во една од најдобрите лиги во светот. Исто така се радувам што доаѓам во земјата каде што ракометот е спорт број еден. Го пратев Охрид претходната сезона и има стварно добар тим и некои од соиграчите ги познавам. Се надевам ќе славиме многу победи, -порача Бркиќ.
Кога се во прашање популарните „гладијатори“, екипата ја напуштија пет играчи и тоа Александар Миленковиќ, Зураби Цинцадзе, Виктор Василевски, Балша Цејовиќ и Хазеин Рустамов.
-
Лига на шампионипред 18 часа
Ендрик го собори рекордот на Раул, па доби признание од Анчелоти: Покажа дека има…
-
Лига на шампионипред 21 час
Куртоа за последната акција на Реал: Покажа карактер што не им подаде на Винисиус и Мбапе! (Видео)
-
Италијапред 20 часа
Ибрахимовиќ за статусот во Милан: Кога ја нема мачката, глувците оро играат…
-
Италијапред 16 часа
Главниот фаворит за наследник на Де Роси веќе пристигнал во Рим
-
Италијапред 19 часа
Утрински шок од Италија: Де Роси заработи отказ од Рома
-
Францијапред 19 часа
Рабио доби комплименти од француска легенда: Стана мој идол со потезите кои ги направи
-
Македонијапред 11 часа
Работнички шокиран од третолигаш во Купот на Македонија
-
Лига на шампионипред 6 часа
Газанига му подари победа на ПСЖ, Сити немаше решение за Интер (ВИДЕО)