Поврзете се со нас

Македонија

Охрид се засили со двометраш од Србија (Фото)

Објавено

на

Откако ги продолжи договорите со двата клучни играчи Блажевски и Соколов, ГРК Охрид денеска излезе со објава за првото големо звучно засилување за наредната сезона, со што продолжи со подобрување на играчкиот ростер.

Македонскиот суперлигаш го потврди ангажманот на Игор Чагаљ, 26-годишен ракометар од Србија кој последно настапуваше за тимот на Металопластика.

Станува збор за српски пивок висок 200 сантиметри, па од двометрашот ќе се очекува да биде значајно оружје во нападот, но и во одбраната со оглед на физички предиспозиции.

– Игор Чагаљ е нов ракометар на Охрид! 26-годишниот Чагаљ игра на пивотменската позиција. Во Охрид доаѓа од Металопластика каде играше минатата сезона.

Инаку, покрај Металопластика, Чагаљ кариерата ја има почнато во Пролетер, а имал и интернационална кариера во Словенија и Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни