Поврзете се со нас

Македонија

Охрид се засили со двајца грузиски репрезентативци

Објавено

на

Тимот на ГРК Охрид продолжува активно да го гради составот за натпреварувачката 2022/2023, па така нови членов на прволигашот се Зураб Цинцадзе и Хазеин Рустамов.

Тоа се двајца грузиски репрезентативци на кои Македонија им е добро позната затоа што во изминатиов период го носеа дресот на РК Охрид. Рустамов ја покрива позицијата лево крило, додека Цинцадзе е голман.

Претходно Охрид ги доведе Тоше Ончев и Даниел Андоновски, останаа Крсте Андоновски, Иван Тасески, Наум Костов и Кристијан Димитриески, први професионални договори потпишаа Никола Шипинкоски, Никола Ристески и Владимир Наумоски, а пак Горан Андоновски беше назначен за нов тренер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни