Поврзете се со нас

Македонија

Охрид се засили со црногорски интернационалец за новата сезона

Објавено

на

Foto:facebook.com/hcohrid

Ракометниот клуб Охрид има се поголеми амбиции од сезона во сезона во најсилната лига во Македонија, па откако успешно претстави неколку странски интернационалци, продолжи со сличен тренд на засилувања.

Охрид денеска го потврди Црногорецот Балша Цејовиќ и најави дека ќе биде големо засилување за новата натпреварувачка сезона, односно ќе му се стави на располагање на тренерот Горан Андоновски.

Станува збор за десно крилог кое има само 22 години, играч кој ги минал сите младински категории на Црна Гора и кој беше дел од поширокиот список на најсиланата селекцијата на минатото Европско првенство.

Иако е прилично млад, Цејовиќ веќе има насобрано доста искуство, бидејќи покрај настапите за Морнар во родната земја, ги има брането и боите на Паок и Диомидос во Грција, како и Бенидорм во Шпанија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни