Поврзете се со нас

Македонија

Охрид се засили со бек со искуство од Бундеслигата

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hcohrid

Составот на ГРК Охрид доведе уште едно засилување за вториот дел од оваа сезона во која клубот има поставено високи цели, амбиции.

Во истите треба да помогне искусниот бек од Хрватска, Никола Јукиќ. Се работи за играч кој има 29 години кој има забележано и три настапи за најсилната хрватска репрезентација.

Тој своевремено играл и во Бундеслигата во тимот на Минден, а во досегашната кариера бил дел уште од  Каштела Сплит, Понто Комбо и Шарт од Франција, АЕК Атина од Грција и Мудар од Саудиска Арабија.

Популарните „гладијатори“ претходно се засилија со средниот бек Хироки Мацуока и кружниот напаѓач Адмир Пелидија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни