Македонија
Охрид се пофали со четири супер-засилувања за новата сезона (Фото)

ГРК Охрид досега ги донесе Берин Бркиќ и Теимураз Орјоникидзе, но денеска се пофали со четири нови имиња кои се и тоа како добро познати за македонската ракометна јавност.
Популарните „гладијатори“ ќе имаат сосема нов изглед во новата натпреварувачка сезона и најавуваат дека ќе имаат навистина повисоки амбиции, а доказ за тоа се ангажманите на голманот Даниел Ѓорѓески, крилото Гоце Ојлески, бекот Никола Стоилевски и дефанзивецот Милорад Кукоски.
– Среќен сум што се враќам назад во Македонија и посебна чест ми е што ќе бидам дел од ваков одличен проект и тим како што е Охрид. Охрид е сериозна екипа со големи амбиции, а јас се надевам дека оваа сезона ќе ги исполниме сите цели и сите заедно ќе се радуваме на многу победи, – изјави Ѓорѓески кој доаѓа од редовитен а унгарски Будакалас, а претходно имаше настапувано за Металург, Вардар и Пелистер.
– Драго ми е што ќе сум дел од ракометниот клуб Охрид, клуб кој што покажува сериозност и квалитет во македонскиот ракомет. Се надевам следната сезона ќе ни биде успешна и ќе славиме многу победи, – изјави репрезентативното крило Ојлески кое доаѓа крај езерото откако ја заврши етапата со Еурофарм Пелистер.
– Драго ми е што ќе бидам дел од екипа која има одлични планови и цели за во иднина кои би ми помогнале многу да напредувам како играч, – кратко изјави младиот 24-годишен Стоилевски кој досега настапуваше за вториот тим на Пелистер.
– Мило ми е што доаѓам во клуб со европски амбиции, кој расте од година во година. Сигурен сум дека ќе ги оправдаме очекувањата на управата и публиката, – изјави искусниот Кукоски кој со своите 35 години и натаму важи за еден од најдобрите дефанзивци во лигата.
-
Светпред 19 часа
Се уште чека на првиот гол: Нејмар повторно не реализираше пенал за Ал Хилал (ВИДЕО)
-
Англијапред 22 часа
Го очекува долга пауза: Јунајтед остана без стандарден првотимец за важен ден од сезоната
-
Италијапред 21 час
Пиоли: Јувентус е фаворит за Скудетото
-
Шпанијапред 21 час
Времето брзо минува: Пред седум години го држеше Рамос за рака, денеска ќе води „војна“ со ветеранот (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 18 часа
Рамос ја матираше Севилја, Барселона продолжува да победува на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Англијапред 9 часа
Рашфорд откри дека е посебно возбуден од едно летно засилување во Јунајтед
-
АТПпред 20 часа
Медведев: Логиката диктира, Алкарас ќе биде број еден до крајот на годинава
-
Германијапред 19 часа
Дортмунд со супер гол ја круниса победата против Хофенхајм (ВИДЕО)