Поврзете се со нас

Македонија

Охрид се откажа од бекот Бура

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hcohrid

Хрватскиот интернационалец Луцијан Бура нема повеќе да го носи дресот на тимот на ГРК Охрид.

Десниот бек не ги оправда очекувањата во таборот на македонскиот прволигаш и беше донесена одлука за негово заминување.

Од клубот му посакаа успех во понатамошната кариера, но во исто време „гладијаторите“ работат замена, играч кој ќе може да донесе енергија и експресно да се вклопи во амбициозната средина.

Според информации замена за Хрватот ќе биде Чаио Винициус Де Соуза Мораис кој игра на навистина високо ниво во дресот на Куманово.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни