Поврзете се со нас

Македонија

Охрид пружи силен отпор, но шампионот го имаше последниот збор во „Билјанини извори“

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hcohrid

Ракометарите на Еурофарм Пелистер издвојуваа победа над ГРК Охрид од 27:25 во супер интересниот меч кој вечерва се одигра во салата „Билјанини извори“.

Домашниот тим му пружи силен отпор на актуелниот шампион и бранител на трофејот, меѓутоа нијансите, искуството и квалитетот беа на страна на гостите кои успеаа на крајот да дојдат до посакуваниот резултат.

Првото полувреме беа поефикасно и им припадна на пелистерци со 16:13. Вторите 30 минути донесоа огромна борба на двете страни на теренот, Охрид постојано беше присутен, се обидуваше комплетно да се врати во мечот, но избраниците на Алонсо секогаш беа чекор, два пред нив, поточно немаа сили за пресврт.

Најефикасен во победничката екипа беше Усама Хосни со седум погодоци, кај Охрид се истакна Теимураз Орјоникидзе со шест реализации.
Во вториот денешен натпревар Куманово пред своите гледачи го доби Пролет со 23:21.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни