Охрид немоќен против Борац во Чачак

ohrid

Кошаркарите на АВ Охрид и новата година ја започнаа со убедлив пораз во регионалната АБА 2 лига. Нашиот претставник вечерва беше немоќен во Чачак кај Борац губејќи со 29 разлика (100-71).

Српскиот тим ги доби во своја корист сите четири периоди, а најрасположен за игра беше Ѓоковиќ со дабл-дабл учинок од 14 поени и 10 асистенции. Во таборот на Охрид одново прво име беше Рос со 22 поени, Јунаковиќ реализираше 14, додека 10 кошеви уфрли Бакоч.

Клубот од „Билјанини извори“ има учинок од 1 победа и 11 порази, во следната рунда е домаќин на Ловќен од Цетиње.

Facebook Коментари