Охрид го победи Волендам и го продолжува настапот во Купот на ЕХФ

ehf-cup

Македонскиот претставник Охрид успеа да го елиминира холандскиот ривал Волендам во првото квалификациско коло на Купот на ЕХФ, откако по завчерашното реми, вечерва славеше со 24:23.

Охриѓани на полувреме водеа со 13:10, со што го најавија триумфот, а на крајот задржаа минимална предност доволна за победа. Блажески со 6 и Бирдахиќ со 4 гола биле најефикасни во редовите на Охрид, додека на спротивната страна Мрсулја го завршил дуелот со 6 погодоци.

Двата натпревари се играа во Охрид, а со вечерашната победа, нашиот клуб се најде во второто коло каде противник ќе му биде португалскиот тим Порто.

Facebook Коментари