Поврзете се со нас

Македонија

Охрид договорил две квалитетни засилувања за следната сезона

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hcohrid

Ракометниот клуб Охрид најавува поамбициозна следна сезона, во која очигледно ќе има важни промени на клупата, но и во играчкиот ростер.

Најавено е дека иден тренер на охриѓани ќе биде Борис Ројевиќ, а раководството на клубот почна да ги договара и засилувањата, кои се најава за посериозен ривал на екипите кои во моментов се издвојуваат во битката за трофеите.

Порталот „Балкан Хендбол“ објави дека нов член на Охрид ќе биде словенечкиот интернационалец Тилен Стрмљан кој ќе дојде од редовите на Хановер, додека „Моцарт Спорт“ тврди дека понуда од македонскиот суперлигаш прифатил и Предраг Вејин.

Вејин е повремен српски репрезентативец кој во моментов настапува за грчки Олимпијакос, десен бек кој долго настапуваше за Нексе, а имаше и краток престој во редовите на Металург.

Стрмљан преку Целје стигна до Бундеслигата каде настапува за еден од најквалитетните тимови, а има настапи и за словенечката репрезентација.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни