Охрид без решение и за Тиват

ohrid-tivat

АВ Охрид доживеа нов пораз во втората АБА лига и тоа на домашен терен против Теодо Тиват од 101-82.

Клучната предност гостите ја направија во првите 20 минути кои ги решија со 61-40, па продолжението од дуелот во „Билјанини извори“ беше чиста рутина за нив со оглед на разликата во квалитетот.

Бери со 35 кошеви беше прво име кај нашиот претставник кој сега има 0-7 во ова друштво. Листата на стрелци кај гостите ја предводеше Секулиќ со 18 кошеви.

Facebook Коментари