Светски првенства
Огромно засилување за Хрватите: Червар направи важна измена пред клучните пресметки на мундијалот

Хрватска со три акумулирани бода ќе ја започне главната рунда на мундијалот во Египет, а оваа фаза од турнирот ќе ја стартува и со огромно засилување во тимот кој го предводи Лино Червар.
Искусниот стручњак кој е лидер од клупата на „каубоите“ денеска направи клучна промена пред одлучувачките натпревари на турнирот во Каиро, или поточно, во ростерот на играчи се враќа Игор Карачиќ кој лечеше повреда повеќе од еден месец.
Поранешниот ракометар на Вардар поради проблеми со препоните ги пропушти подготовките на Хрватска и не настапи во воведната фаза од Светското првенство, но сега го зазема местото на Јанко Кевиќ.
– Во пресрет на утрешниот натпревар против Бахреин, во составот на Хрватска влегува Игор Карачиќ, а од составот излегува Јанко Кевиќ. Исто така, во репрезентацијата вечерва ќе се приклучи и Матеј Хрстиќ кој беше на поширокиот список за СП, – гласи објавата на ракометниот сојуз на Хрватска.
По победата над Катар, ова дефинитивно е многу добра вест за Червар и хрватската селекција, особено ако се знае дека Лука Циндриќ заработи повреда поради која нема да настапи до крајот на мундијалот.
🔥 𝐔 𝐬𝐚𝐬𝐭𝐚𝐯 🇭🇷 𝐮𝐥𝐚𝐳𝐢 𝐧𝐚𝐣𝐢šč𝐞𝐤𝐢𝐯𝐚𝐧𝐢𝐣𝐢 𝐢𝐠𝐫𝐚č – 𝐈𝐆𝐎𝐑 𝐊𝐀𝐑𝐀Č𝐈Ć 🔥❤️
ℹ️ Iz sastava izlazi Janko Kević koji ostaje trenirati s reprezentacijom, a priključit će se i Matej Hrstić 🤗#crohandball #iznadsvihhrvatska #egypt2021 pic.twitter.com/PejRYRbHyy
— HRS (@HRStwitt) January 20, 2021

- Италијапред 21 час
Елмас повторно се поврзува со заминување од Наполи, европски гигант нуди 20 милиони евра за неговите услуги
- Англијапред 20 часа
Лани бараа 70 милиони фунти, годинава ќе го пуштат за многу помалку: Вулверхемптон се ослободува од Траоре
- Шпанијапред 19 часа
Угледната „Марка“ јавува дека Реал доставил краен ултиматум до Серхио Рамос
- Шпанијапред 22 часа
Силесен правеше чуда на „Месталја“, Валенсија се избори за херојски пресврт во дербито (Видео)
- Светски првенствапред 17 часа
Шпекулациите стануваат реалност, Златан Ибрахимовиќ по долг период се враќа во репрезентативниот дрес
- Шпанијапред 19 часа
Куман проговори за својата иднина и дали ќе остане тренер на Барселона: Новиот претседател ќе донесе одлука
- Англијапред 18 часа
Артета со сериозен интерес за фудбалерот кој подолго време е следен од Манчестер Јунајтед
- Шпанијапред 16 часа
Зидан го означи големото дерби против Атлетико како „финале“ и нагласи: Добро е што ќе сметаме на специјален играч