Шпанија
Огромно намалување на платата: Траоре за „ситница“ ќе игра во Барселона
Во текот на денешниот ден стана извесно дека Адама Траоре кариерата ќе ја продолжи во редовите на Барселона, првично како позајмен фудбалер од Вулверхемптон.
Барселона, доколку играчот задоволи во следните шест месеци, ќе има право да го откупи неговиот договор по крајот на оваа сезона.
Адама Траоре денеска беше забележан во Барселона каде ги минуваше медицинските прегледи, а во текот на утрешниот ден се очекува тој да биде презентиран како нов играч на „каталонците“.
Колку му значи шпанскиот клуб покажува и потегот на Траоре кој се согласил за огромно намалување на платата која ќе ја зема во Барселона во однос на таа што ја земал во Вулверхемптон.
„ЕСПН“ пишува дека Траоре во Барселона ќе заработува „само“ 60.000 евра неделно, наспроти 225.000 евра кои ги заработуваше во Вулверхемптон.
Траоре се согласил на ваква плата за веднаш да биде регистриран во тимот затоа што Ла Лига нема да прави проблеми на Барселона да регистрира играч со таква плата.
Ваквиот договор важи само за овие шест месеци, а доколку Траоре остане на „Камп Ноу“ ќе заработува повеќе, а тоа веќе било договорено во текот на преговорите, па сега останува само на фудбалерот да покаже дека заслужува да го носи дресот на шпанскиот гигант.
-
Шпанијапред 16 часа
Белингам доби специјална награда во Мадрид, но ја изведе и својата хит прослава заедно со легендарниот Болт (Видео)
-
НБАпред 16 часа
Јокиќ брутален, Мареј го потопи Лејкерс со звукот на сирената (Видео)
-
Италијапред 9 часа
Чалханоглу ги дочека своите моменти на слава и им се одмазди на тифозите на Милан (Фото)
-
Шпанијапред 12 часа
Ѓоковиќ импресиониран од еден играч на Реал: Не сум фудбалски стручњак, но тој има црти на шампион!
-
Шпанијапред 13 часа
Шпанците ја објавија аудио комуникацијата меѓу Сото Градо и ВАР за фантомскиот гол на „Ел Класико“ (Видео)
-
Италијапред 16 часа
Марота го издвои најважниот човек во шампионскиот поход на Интер: Покажа дека е голем победник
-
Италијапред 12 часа
Ањели ги воодушеви навивачите на Јувентус со „поздравот“ за шампионската титулата на Интер (Фото)
-
Англијапред 15 часа
Фердинанд шокиран од потегот на Антони: Очигледно не знае каде се наоѓа! (Видео)