Поврзете се со нас

Европски првенства

Огромен проблем за Англија пред четврт-финалето на ЕП

Објавено

на

Фудбалската репрезентација на Англија ќе се сретне со Швајцарија во четврт-финалето на Европското првенство (6 јули 18 часот), а избраниците на Герет Саутгејт и понатаму се фаворити според обложувалниците. Сепак, тие се соочуваат со еден проблем.

Еден од клучните предизвици за Англија во четврт-финалето против Швајцарија се жолтите картони.

Во моментов пет англиски фудбалери имаат по еден жолт картон, што значи дека вториот би можел да ги елиминира од потенцијалното полуфинале, доколку ја минат Швајцарија.

Марк Геј ќе биде суспендиран за натпреварот против Швајцарија поради вториот жолт картон против Словачка.

Останатите пет играчи кои се под закана од суспензија се Џуд Белингем, Коби Мајно, Фил Фоден, Киеран Трипие и Конор Галагер.

Сепак, на играчите кои ќе влезат во полуфиналето со само еден жолт картон ќе им бидат избришани жолтите картони, што може да биде олеснителна околност.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни