Поврзете се со нас

Италија

Огромен пресврт: Дибала одби 75 милиони евра и останува во Рома! (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Пауло Дибала ова попладне се збогуваше со тифозите на Рома и се беше подготвено за негово заминување во Ал Кадсијах, но целата операција се изјаловила во последен момент, откако Аргентинецот одлучил да ги стопира сите понатамошни операции.

По укажаната љубов од навивачите на Рома и емотивните моменти во Тригорија центарот, Аргентинецот одлучил да се преиспита и побарал неколку часа пред да донесе конечна одлука, а истата сега е прилично шокантна и неочекувано после се што беше најавено.

На крајот, Дибала решил да се откаже од 75 милиони евра и одбил да потпише за клубот од Саудиска Арабија, па така целата операција пропаѓа во вода и Аргентинецот останува на „Олимпико“.

Дибала добил поддршка од челниците на Рома пред да се реши на ваков потег, па така наместо да го видиме на пат кон Саудиска Арабија, Пауло сега ќе игра во второто коло во Серија А.

По овие несекојдневни настени, Дибала самиот реши да се огласи на социјалните мрежи, испраќајќи специјално видео до навивачите на Рома, на кои им порача дека се гледаат в недела на натпреварот против Емполи на „Олимпико“.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни