Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Огорчено семејство од Ливерпул: Нашиот сакан почина поради мечот на „Енфилд Роуд“!

Објавено

на

blank

Британските таблоиди пред десетина дена излегоа со информација дека натпреварот меѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид директно влијаел со смртни последици кај 40 фудбалски фанови кои беа на пресметката од Лигата на шампионите, но сега за првпат се јави едно огорчено семејство кое побара одговорност од властите за превидот кој очигледно беше направен.

Споменатиот дуел од реванш осминафиналињата се одигра во ситуација кога во Европа почнаа да се затвораат стадионите, но тоа не беше случај и во Англија каде владата задоцни со рестриктивните мерки, обидувајќи се да стекне колективен имунитет кај населението.

Само два дена по мечот со Атлетико Мадрид на кој беа присутни и 3.000 фанови од Шпанија, англиската влада ја суспендираше Премиер лигата и ги забрани сите спортски активности, по што секојдневно почнаа да се зголемува бројот на заразени, но и да се бројат жртвите.

Една од нив е и Ричард Масон, долгогодишен фан на Ливерпул кој починал на 70 години откако ја загубил битката со коронавирусот.

– Јасно е дека вирусот веќе се ширел во земјата, но владата се позиционираше без рестрикции и велеше дека се е безбедно. Им дозволија да одат на натпревар, а за секој фан, фудаблот е страст. Мојот сопруг го следеше Ливерпул многу долго и го направи тоа што владата му го наложи, односно отиде на натпревар кој беше окарактеризиран за безбеден, што на крајот беше кобно за неговиот живот, – вели сопругата и сега вдовица Масон за „Дејли меил“, а се надоврзува и синот Џејми.

– Со оглед на тоа како му се развиваа симптомите, земајќи во предвид како се разболуваше и како умре, 99 проценти сум убеден дека се зарази на натпреварот на „Енфилд Роуд“. Некој мора да преземе одговорност за тоа дело, – вели синот Џејми.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни