Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Огорчениот Пике се соочи со суровата реалност по уверливиот пораз од Баерн, Куман се согласи со стоперот

Објавено

на

Точно 13 месеци по незаборавниот и историски пораз од Баерн Минхен во четвртфиналето во Лигата на шампионите, Барселона одново се соочи со својата ноќна мора, но иако играше на „Камп Ноу“, се покажа дека периодот од една година не е доволен за да се забележи поголема разлика на теренот.

Еден од најболните порази во историјата на каталонскиот гигант се случи на 14-ти август минатата година (2:8), а вчерашниот меч кој се одигра на 14-ти септември повторно беше навистина едностран, со тоа што Баерн сепак имаше милост и оствари далеку поприфатлива победа, што секако најдобро говори за реалноста на двата тима во овој момент.

Баерн синоќа победи со 0:3 на гостувањето во Барселона и не му дозволи на тимот на Куман да испрати ниту еден директен удар кон голот на Мануел Нојер, по што Жерард Пике се соочи со суровата реалност и нагласи дека разликата во квалитет меѓу двата тима е евидентна во прикажаниот резултат.

– Овој резултат секако не е поволен, особено што игравме на домашен терен. Резултатот е лош за нас, но ако го погледнете реално натпреварот, може да се каже дека добро се натпреварувавме во првиот дел. Вториот гол ни нанесе огромна штета. Од овој натпревар ќе го издвојам тоа што влегоа деца од по 18 години. Тоа е што е, ова е она што го имаме на располагање и ќе биде комплицирана година. Баерн е супериорен во овој момент, но ќе видиме како ќе биде на крајот од сезоната. Реалноста во овој момент е онаа што ја видовме на теренот, – изјави разочараниот Пике, кој беше поддржан од тренерот Куман.

– Во овој момент, тоа е она што го имаме. Се надеваме дека седмиците ќе одминуваат и дека во тимот ќе ни се вратат играчи како Агуеро, Дембеле и Ансу Фати. Да бидеме реални, ова е разликата која ги отсликува двата тима во моментов. Не можам да се жалам од односот на моите играчи, има разлика во квалитет. Баерн има врвни играчи, фудбалери кои играат заедно со години и клупата ги прави уште подобри. Ние имавме многу млади играчи, а тие за две или три години сигурно ќе бидат подобри. Тешко е да се прифати дека има толкава разлика во овој момент, но се надеваме дека работите ќе се подобрат во иднина, – изјави Куман

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни