Италија
Огорчениот Лукаку се самоказнува по ноќниот кошмар против Хрватска

Ромелу Лукаку се претвори во трагичар на клучниот меч за Белгија во групната фаза на Светското првенство, бидејќи минутажата која ја доби во второто полувреме од мечот со Хрватска се покажа како ноќен кошмар за него.
Напаѓачот кој два месеци влече незгодна повреда не можеше да одигра цел меч, но затоа во вторите 45 минути не реализираше четири стопроцентни шанси и на тој начин ја упропасти целта наречена осминафинале.
„Црвените ѓаволи“ прерано ќе мора да се пакуваат и да заминат од Катар, но наместо на одмор, нервозниот Лукаку решил да се самоказни и веднаш да се врати во Милано.
Бесниот Ромелу ја искрши клупата за резерви по крајот на вчерашниот меч со Хрватска, а слетувањето во Брисел ќе биде само негова попатна станица и веднаш ќе замине за Милано.
Целта на Ромелу е комплетно да ја санира повредата и да биде најдобро подготовен за вториот дел од сезоната, поради што решен е да го жртвува и одморот кој му следува. „Газета“ информира дека неверојатните промашувања навистина лошо влијаеле врз корпулентниот напаѓач, на кого сега не му преостанува ништо друго, освен да се врати во препознатливата форма од првата етапа во Интер.
-
Светпред 19 часа
Фановите на Реал на големо ја прославија победата на Ал Хилал: Причина е Артуро Видал (Видео)
-
Шпанијапред 11 часа
Најдобриот играч на Реал од првиот дел од сезоната: Доживеав пад, не сум истиот по мундијалот
-
Италијапред 19 часа
Демирал ќе собира финансиски средства со дрес од Роналдо: Разговарав со Кристијано (Фото)
-
Италијапред 20 часа
Влаховиќ го прекина долгиот пост од месец октомври и донесе победа за Јувентус (Видео)
-
Англијапред 23 часа
Рио тврди: Бруно не можеше да се конектира со Роналдо, сега добро гледаме…
-
НБАпред 11 часа
ЛеБрон го собори рекордот на Абдул-Џабар, Лејкерс загубија во историската ноќ (Видео)
-
Шпанијапред 4 часа
Чуамени ги разочарал одговорните во Реал по враќањето од мундијалот
-
Светпред 21 час
Срна за најтешкиот момент во кариерата: Тоа ме повреди повеќе и од смртта на мојот татко