Поврзете се со нас

Шпанија

Официјалното соопштение на Меси ги разочара фановите на Барселона (Фото)

Објавено

на

Тоа што беше најавувано како соопштение од Лионел Меси за давање конечен одговор за неговата иднина, на крајот се претвори во одговор од страна на Аргентинецот до шпанската Ла Лига, тело кое застана на страната на Барселона во мини „војната“ која ја водат капитенот на тимот и управата на клубот.

Наместо конечна одлука за неговата иднина, Меси се огласи преку своите адвокати кои составија соопштение во две точки, писмо во кое како потписник се води таткот на Лео кој е и негов претставник, Хорхе Меси.

Добар дел од јавноста во Шпанија најавуваше дека Меси со ова соопштение ќе биде чекор поблиску до останување во Барселона, но на крајот излезе дека вчерашниот состанок меѓу таткото и синот не бил доволен за пронаоѓање на заеднички јазик со управата.

Капитенот на Барса се држи до својот став и се повикува на клаузула со број „8.2.3.6“, односно и појаснува на Ла Лига дека во тој член стои дека „Меси е слободен да си замине без обесштетување по крајот на сезоната 2019/20, што прави клаузулата од 700 милиони да биде невалидна“.

Ла Лига претходно излезе со соопштение дека Меси може да си замине со депонирање на клаузулата од 700 милиони евра, па ваквиот одговор на Меси е само уште една потврда дека тој е цврсто решен во својата намера да стави крај на својата 20-годишна етапа во клубот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни