Поврзете се со нас

Македонија

Официјално: Захариевски ја презема Воска

Објавено

на

Foto:facebook.com/F.C Voska Sport

Воска Спорт во текот на вчерашниот ден се раздели со тренерот Милјан Радовиќ, а како што беше најавено, денеска за нов шеф на стручниот штаб беше назначен СРѓан Захариевски.

50-годишниот стручњак има собрано големо искуство во Првата македонската фудбалска лига и тоа се главните аргументи поради кои е ангажиран од Воска, тим кој ќе се обиде да опстане во елитата до крајот на сезоната.

Охридскиот клуб излезе со официјално соопштение за промоцијата на Захариевски и истиот беше претставен од претседателот Нефи Усеини, а новиот стручњак експресно доби и прв помошник.

Досегашниот тренер на младинскиот тим е прекомандуван во првиот, па десна рака на Захариевски до крајот на сезоната ќе биде Сеит Крека.

Овој двоец уште утре ќе започне со работа, а дебито ќе го има на натпреварот со Силекс кој се игра во недела.

Претходно во кариерата, Захариевски во Македонија ги водеше и екипите на Струга, Пелистер и Металург.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни