Поврзете се со нас

Македонија

Официјално: Вардар му посака добредојде на новиот голман од Франција (Фото)

Објавено

на

По најавите за ангажман на двајца Хрвати во редовите на Вардар, актуелниот европски првак ова попладне и официјално го потврди од своја страна своето огромно засилување меѓу стативите.

Откако хрватските медиуми ни обелоденија дека Гаџа и Векиќ од ППД Загреб ќе пристигнат во Скопје за да направат огромен чекор во кариерата, сега пристигна и официјална потврда на она што се шпекулираше пред три седмици.

Новиот газда Михајло Михајловски вети дека ќе создаде респектабилен тим за новата натпреварувачка сезона, а во ракометот познато е дека клучна позиција е онаа голманската. Добар голман во ракометот е речиси половина тим, па бидејќи ова беше најранлива позиција во Вардар во сезоната која не се доврши, сега клубот одлучи навреме да реагира.

Покрај Борко Ристовски, во Вардар ќе го гледаме и одличниот француски голман, Робин Кантегрел кој веќе ви го прикажавме со видеата кои ги објавивме во најавата за неговиот трансфер во Скопје.

– Добредојде за новиот голман на Вардар – Robin Cantegrel

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни