Балкан
Официјално: Вардар и Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен меч за трагедијата во Кочани! (Фото)

Идејата која Дарко Панчев ја пренесе преку изјава за „Спорт Клуб“ брзо успеа да се спроведе на дело, и тоа откако Звездан Терзиќ како генерален директор на Црвена Звезда стапил во контакт со Миленко Неделковски.
Со цел да се соберат парични средства за семејствата на настраданите во големата трагедија во Кочани, балканските великани Вардар и Црвена Звезда ќе одиграат хуманитарен натпревар во Скопје, и тоа во вечерен термин на 16-ти април.
Овој датум беше единствениот кој беше слободен за Црвена Звезда до крајот на сезоната, а Вардар како клуб без размислување го прифати и се согласи да го нагости српскиот шампион.
– Како акт за помош на настраданите во огнената стихија во Кочани, Генералниот директор на белградска Црвена Ѕвезда, Звездан Терзиќ и Извршниот директор на скопски Вардар, Миленко Неделковски, вечерва се договорија двата клуба да одиграат хуманитарен натпревар во Скопје на 16-ти април.
– Сите средства собрани од влезници и спонзори ќе одат за семејствата на настраданите во огнениот пекол во Кочани.
Натпреварот ќе се игра во ноќен термин под рефлектори.
– ФК Вардар изразува огромна благодарност до големите фудбалски пријатели и нивната армија од навивачи за овој бескрајно голем хуман потег. Двата клуба договорот ќе го потпишат во текот на утрешниот ден. Исто така изразуваме голема благодарност до легендата на Вардар и Црвена Ѕвезда, Илија Најдоски, со чие посредништво е овозможен овој спектакл, – гласи објавата на Вардар.
-
Македонија22 часа
Воска Спорт: Судиите постојано носеа сомнителни одлуки, бевме принудени да се повлечеме од теренот
-
Шпанија20 часа
Судискиот експерт на „Марка“ даде оценка за контроверзниот пенал на Барселона
-
Италија19 часа
Конте ја продолжи вербалната војна со Де Лаурентис: Не сум глупав
-
Шпанија22 часа
Нов инфаркт меч меѓу Барселона и Селта Виго: Каталонците со луд пресврт до голема победа на „Монжуик“ (ВИДЕО)
-
Шпанија8 часа
Барселона му фати голем сеир на Реал по неверојатниот пресврт против Селта Виго (Фото)
-
Шпанија3 часа
Барселона излезе со соопштение за повредата на Левандовски, познато е на кои натпревари сигурно нема да игра (Фото)
-
Англија7 часа
Ѕвезда на Астон Вила: Бев бесен за минутажата против ПСЖ и му го кажав тоа на Емери
-
Шпанија17 часа
Валверде застанал во одбрана на колегата Анчелоти: Како треба да се чувствуваме ние останатите