Поврзете се со нас

Македонија

Официјално: Уште еден вардарец заврши во Тирана (Фото)

Објавено

на

Кристијан Тошевски беше еден од клучните играчи на Вардар изминатата сезона, но и еден од првите кои си заминаа од клубот откако беше јасно дека беспарицата ќе донесе големи промени во македонскиот првак.

Тошевски направи трансфер во албанската Тирана и потпиша двегодишен договор, а денеска неговиот чекор го следше уште еден довчерашен играч на Вардар.

Филип Најдовски денеска позираше со дресот на албанскиот клуб и беше претставен како најново засилување за тимот кој секако има најголеми амбиции во домашното првенство.

Исто како и Тошевски, Најдовски потпиша двегодишен договор со Тирана, а за разлика од десниот бек, тој го одигра првиот меч од новата сезона за Вардар, кој на крајот се покажа и како последен за клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни