Поврзете се со нас

Франција

Официјално: Тухел доби нов десен бек од Рома (Видео)

Објавено

на

Алесандро Флоренци беше добро запознаен дека нема место за него во Рома во ситуација кога тренер и натаму е Фонсека, па по неуспешната позајмица која ја имаше во Валенсија во вториот дел од сезоната, сега си обезбеди многу поамбициозен проект.

ПСЖ мораше да се раздели со Белгиецот Муние по крајот на натпреварувачката сезона, но „светците“ сметаат дека искусниот Флоренци може одлично да одговори на десната бековска позиција и веруваат дека може да одговори на предизвиците во Лига 1 и другите натпреварувања.

Во ситуацијата, станува збор за едногодишна позајмица, со тоа што францускиот првак по крајот на истата ќе може да го купи фудбалерот за 10 милиони евра.

– Навистина сум горд и среќен што станувам играч на ПСЖ. ПСЖ е еден од најголемите клубови во Европа во овој момент, тоа го докажаа и со настапите во Лигата на шампионите.

– Со нетрпение чекам да излезам на теренот и да го дадам најдоброто од себе. Имаме огромни предизвици пред нас и среќен сум што ќе играм со големи фудбалери, – порача Флоренци.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни